Во програмата за работа на новата Влада, се наведува дека се предвидува да се овозможи основање фирма со основна главнина од 1 евро и да се укине фирмарината за првите две години за сите новоосновани компании.
Ќе овозможиме основање на фирма со минимален износ на основна главнина од 1 евро. Со оваа мерка граѓаните имаат можност да основаат фирма со минимални трошоци и да ги реализираат своите идеи и бизнис планови преку новоотворени фирми. Ние веруваме дека македонските граѓани имаат идеи, а бидејќи идеите се капитал, го отвораме бизнис секторот, го правиме достапен за сите и повикуваме на натпревар на идеи и конкурентност – стои во програмата.
Измените во делот на фирмарината ќе се прави за да се намалат трошоците за добивање правна документација за потребите на бизнисот (документи од Централен регистар, царина, документација за учество на тендери и останати државни институции). Валадата така, најавува драстично намалување на цената за издавање тековна состојба.
Нашата цел е да создадеме амбиент за динамичен и конкурентен бизнис, ослободен од политичките влијанија, намалување на административните процедури и бариери, а со целосно искористување на претприемачкиот дух и знаења на домашниот човечки капитал. Трансформацијата на економијата ќе биде следена со серија добро осмислени, практични и оставрливи мерки за поддршка, кои реално ќе помогнат нашиот бизнис да биде растечки, развоен и одржлив. Како и досега, клучната поддршка ќе биде токму на движечката сила на нашата економија, на најголемиот сектор за вработување, создавач на вредноста и најсилниот потрошувач, а тоа се микро и малите компании – пишува во програмата.
Владата ќе го укине данокот на личен доход (персонален данок) за категорија обука, квалификации, добивање лиценци.Ветува и дека ќе го започне процесот на намалување на парафискалните давачки до 75 проценти и нивно нивелирање согласно големината на стопанските субјекти, преку дијалог со стопанските комори.
Ќе создадеме регистар на парафискални давачки кој ќе биде редовно ажуриран и дополнуван, со што компаниите во секое време ќе имаат увид и ќе можат соодветно да ги планираат своите финансиски активности. Така на пример, ќе го укинеме надоместокот за поврзување на фискалниот апарат со серверите на УЈП и надоместокот за контрола на промет што го врши УЈП, прецизно ќе се регулира сервисирањето на фискалните апарати кај претпријатијата и тоа ќе биде бесплатно за сите трговски субјекти што користат фискални апарати, ќе се зголеми временскиот рок за менување на СИМ-картичка од фискална каса од една година на 3 години, ќе го ограничиме износот на цената на задолжителните систематски прегледи на вработените – стои во програмата.
Планирано е да се воведе „здравствен“ и „пензионерски“ туризам за домашните и странските пензионери, по примерот на успешните практики на развиените туристички дестинации.
Инаку меѓу ветувањата е и нов Закон за личен стечај како модел за заштита на животните потреби на должникот преку неизвршување на неговиот долг во определена висина, спречување на нови задолжувања, но и на доверителите, кои ќе можат да наплатат реална вредност. Со ваков закон нема да се креира систем на должничка спирала, сметаат креаторите на програмата.
Планирано е редовно да се објавува бела листа на даночни обврзници, односно компании кои редовни ги исплаќаат своите даночни обврски.
Во Законот за финансиска дисциплина ќе се вклучат и државните и владините институции и ќе ги изедначиме со обврските на приватниот сектор.
Владата најавува измени во законодт на додадена вредност, постепено намалување на персоналецот за ИТ индустријата. Сите детали за даночните измени овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.