Mинистерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека најдоцна до првата недела од февруари Владата ќе излезе со петтиот сет антикризни мерки. како што информира Бектеши, во тек биле консултации со стопанските комори и со сите засегнати страни за дизајнирање на мерките.
Во моментов разговараме, не се точно дизајнирани мерките. Има различни предлози, но во рамки на можностите и буџетските средства определени за ковид – програмата и секако, по состаноците со стопанските комори, ќе излеземе и заеднички ќе ги презентираме, напомена Бектеши.
Бектеши најави дека и оваа година државата ќе продолжи да им доделува ваучери за одмор на работниците со ниски приходи во домашните туристички капацитети.
Според Бектеши, поддршката ќе изнесува 12.000 денари по апликант, а јавниот повик ќе биде објавен во првата половина од годинава. Доделување на ваучерите ќе биде по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Продолжуваме со мерката организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања по семејство не го надминуваат нето износот од 30.000 денари. Ефектите од ваучерите лани, за време на пандемијата, дадоа резултат, посебно за домашните туристички капацитети – изјави Бектеши и додаде дека лани биле искористени над 65.000 ваучери.
Тој информира дека за оваа мерка годинава се предвидени вкупно 15 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.