Повеќе од 20 тендери објавила министерката за труд и социјална политика во оставка Мила Царовска на самиот ден кога ја поднесува оставката и треба да стане вицепремиер за економски прашања во техничката влада.

Дали со овој потег пред да ја напушти позицијата Царовска ги наградува компаниите блиски до СДСМ и купува гласови во пресрет на изборите, прашува порталот Вечер, кој ја објави информацијата.

 

Освен кај Царовска во Министерството за труд и социјална политика „последни подготовки“ за партизација министерствата и парализација на техничката влада се прават и во Министерството за информатичко општество и администрација кај Дамјан Манчевски, кој ќе добие заменик-министер од ВМРО-ДПМНЕ. Кај Манчевски во моментов активни се 247 огласи за вработувања во државната администрација.

Од ноќта пред Нова година, пак, Оливер Спасовски во Минситерството за внатрешни работи, кое му го отстапува на Наќе Чулев, деноноќно дели решенија за прераспределување и назначува нови началници.

Министерствата каде треба да има технички и дополнителни министри деновиве како да се во трка со времето. Очигледно дека владата во заминување е во паника поради напуштањето на власта и се помалиот рејтинг и незадоволство кај граѓаните, па на секој можен начин се обидува поразот да го ублажи со предизборен поткуп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.