Царинската управа набави 13 службени возила „шкода октавија“, производство 2019 година за потребите на царинските службеници од Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, односно за мобилните тимови на Царинската управа кои работните задачи ги вршат на сите гранични премини, царински испостави, како и на целата територија на државата. Како најповолен понудувач на тендерот е избрана фирмата „Делукс-ауто“ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово.
Дванаесет од тринаесетте патнички моторни возила се марка „шкода“, модел „октавија амбишн“ со единечна цена од 19,9 илјади евра или вкупно 294.024 евра, а едно ново патничко моторно возило е марка „шкода“, модел „суперб амбишн“, со цена од 26,4 илјади евра. За секое патничко возило понудена е значителна дополнителна опрема, а во единечната цена на возилата се вклучени сите трошоци.
Фирмата од која купила Царината е донатор на СДСМ
„Делукс Ауто Куманово“ ја има во два годишни финансиски извештаи на СДСМ, односно кумановската компанија давала услуги на СДСМ во 2015 и 2016 година.
Компанијата од Куманово не е овластен дистрибутер на „шкода“ туку дилер на возилата, сепак нивната понуда била најповолна за купување на 45 возила за МВР во октомври 2017. МВР убедуваше дека во постапката се испочитувани сите законски процедури. За оваа зделка не бил објавен јавен оглас за јавни набавки, туку МВР одлучиле постапката да оди со преговарање, поради како што велат од таму, крајна итност.
Фирмата која е добитник на овој голем тендер е “Делукс-ауто“ од Куманово е блиска до СДСМ, а тоа се гледа не само по добиениот тендер од МВР, туку и низа на добиени тендери од општините кои се под власт на СДСМ. Ова не е прв пат да се појавува оваа фирма и нејзиниот сопственик Бобан Спасовски. Најголемите тендери што ги имаат добиено се од општина Куманово со која раководи СДСМ и која случајно или не е родното место на министерот Оливер Спасовски.
„Делукс – ауто“ од Куманово го снабди со нови 11 возила и Министерството за одбрана. Фирмата победи на тендерот вреден 153 илјади евра.
Во август 2018 оваа фирма доби тендер од Бирото за јавни набавки, за набавка на возила во вредност од 1.695.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.