Министерството за финансии на својата веб страна ги објави планираните задолжувања за првите два квартали, односно првите шест месеци од годината за наредната 2020-та година. Според податоците, се гледа дека Владата и Министерството за финансии планираат да издадат хартии од вредност во вредност од 16 милијарди и 500 милиони денари односно околу 270 милиони евра.
Задолжувањата континуирано растат додека капиталните инвестиции се на очајно ниско ниво. Опозициската ВМРО ДПМНЕ како и експертската јавност континуирано предупредуваат за зголемените задолжувања и за енормното зголемување на јавниот долг, но власта е глува за тоа и упорно ги спроведува проектираните задолжувања.
Откако СДСМ е на власт јавниот долг на државата е зголемен за вкупно 914 милиони евра. Јавниот долг достигна фрапантни 5 милијарди и 700 милиони евра.
Инаку пред да дојде на власт СДСМ жестоко ги критикуваше задолжувањата и зголемувањето на јавниот долг предупредувајќи на црно сценарио за македонската економија додека сега континуирано ги спроведува и ја убедува македонската јавност дека тие се во нормала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.