Хотелиерите бараат од Владата да ја преиспита одлуката и двојно да го зголеми бројот на ваучери за туризам кои годинава државата ќе ги додели само на 1.250 граѓани со ниски примања, за разлика од лани кога на располагање имаа 100.000 ваучери. Вредноста на ваучерите за туризам е 12.000 денари, но кога ќе се подели вкупната сума од 15 милиони денари превидена за реализација на оваа мерка тоа е ништо за хотелиерите, бенефитот е нула кога ќе се земат во предвид сите давачки и пандемиските загуби од кои не можеме да дигнеме глава-велат од ХОТАМ.

Сега беше година на преживување, како да опстанат вработените, како да им помогнеме во овие тешки периоди.Ние не добивме многу од државата, добивме помош  за плата на која ние требаше да доплаќаме за придонеси итн.Тоа може да се види колку пари точно се дадени од државата за помош на овие сектори,а колку се дадени за помош на други сектори кои правеле многу поголеми профити.Заради тоа беше побарано да се дадат поголем број на ваучери и вредноста на тие ваучери да се зголеми, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.