Грчката компанија активирала тужбата пред Арбитражниот суд во Париз, со која од Македонија бара  31 милиони долари, плус камати, поради непочитување на купопродажниот договор за рафинеријата ОКТА.

Со овој договор, склучен во 1999 година, македонската држава имаше обврска во период од 20 години да откупува по 500 илјади тони мазут годишно, но во периодот од 2008 до 2011 не била исполнета таа количина.

Грчката компанија сега преку арбитража сака да наплати износ кој со камати може да достигне до 40 милиони евра.

Ова е втора тужба од Хеленик петролеум откако по првата грчката компанија наплати 40 милиони долари, пишува „Телма“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.