Депозитите на граѓаните се безбедни. Нема потреба од никаков страв кај граѓаните. Депозитната база е стабилна, порача вечерва гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на гостувањето во „Топ тема“ на телевизија Телма.

Ангеловска – Бежоска истакна дека како и во секоја кризна состојба имало одреден притисок врз депозитната база и сигнали на одредено повлекување на депозитите на дневно ниво во втората половина на март и почетокот на април, но веќе од средината на април има стабилизирање на состојбите.

Како и во секоја кризна епизода која сме ја имале, доаѓа до влошување на перцепцијата кај граѓаните. Вознемиреноста се почуствува кај депозитната база на банките во втората поовина на март и почетокот на април, но оттогаш наваму состојбите се стаблизирани. Немаме пад на депозитите, имаше одреден притисок врз депозитната база и сигнали на одредено повлекување, но сепка на крајот на месецот, состојбата покажа стабилизирање и имаше одреден пораст – рече Ангеловска-Бежоска.

Оцени дека сега притисокот врз депозитната база бил значително помал во однос на други кризни ситуации што сме ги имале како држава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.