Со транспаренти дојдоа пред Влада за да го изразат својот револт за високите сметки за струја. Ова се демонстрантите од иницијативата „Доста е“. Но, кога застанаа пред Влада, еден полицаец им рече да се повлечат.
Откако се повлекоа, Кренар Лога од Иницијативата „Доста е“, рече дека уште во јули минатата година, премиерот Заев најавил дека ќе го намали ДДВ-то од 18 на 5%.
Граѓанската иницијатива „Доста е“ како втора точка уште во јули 2020 година го постави намалувањето на ДДВ-то од 18 на 5%. Доколку оваа држава се стреми кон членство во ЕУ, овој предлог и оваа директива мора да се спроведат, друг излез нема. Во секоја членка на ЕУ, ДДВ-то за електрична енергија е од 5 до 9%, зависно од моќта и економскиот развој. Ако сакаме да се зачлениме во ЕУ, треба да им се придржуваме на правилата и директивите кои ги одредува ЕУ, истакна Кренан Лога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.