Граѓаните на Росоман, едни од најголемите производители на праски во Македонија се принудени праските да ги фрлаат и оставаат да скапуваат бидејќи нема откуп. На видеото кое го објави „Сигнал.мк“  се гледа дека скоро цел камион праски се фрлаат покрај пат. На видеото може и да се слушне кого производителите обвинуваат. Тие го обвинуваат Зоран Заев и министерот за земјоделие Николовски.

Друг, пак, ги сече овошките. На видеото објавено на Фејсбук пишува „Го уништија земјоделието, состојбата во Росоман и околните населени места со праските е толку лоша, понижувачка, јас мислам дека ова е веќе крајно решение“.

Најубав лек, да не се нервира човек – вели тој на видеото.

Видеото погледнете го тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.