Граѓаните во целост да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од корона вирусот и да не подлегнуваат на панично купување прехранбени производи, порачува Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија.

Според претседател на Здружението, Ѓорѓи Петрушев, компаниите-членки активно комуницираат меѓусебе и ги преземаат сите мерки за превенција од коронавирусот со цел безбедно производство и дистрибуција на производите и услугите, согласно насоките од Министерство за здравство.

Здружението апелира до сите компании од земјоделско-прехранбениот сектор да формираат дезобариери на влезовите за возила што превезуваат луѓе и кои дистрибуираат производи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.