Здружението Охрид SOS алармира дека градежна механизација пробива пат низ шумата на Јабланица под изговор дека ќе служи за сеча на шума.

Без согласност од локалното население, градежна механизација пробива пат низ шумата, кој според Месната заедница-Октиси. ќе служел за сеча на шума. Викендот, стотина мештани одржаа мирен протест, но повикуваат на солидарност и спречување на овие активности. Изминативе години, неконтролираната сеча предизвика загриженост кај населението од тој регион, поради потенцијална опасност од ерозии. Излетниците и планинарите сведочат за постојано присуство на поединци и групи кои сечат низ Јабланица, без притоа да бидат санкционирани од надлежните, објави на својата фејсбук страница Охрид SOS.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.