Поранешниот гувернер Петар Гошев во интервју за НОВА ТВ вели дека не гледа солидарност и правичност во најаветите економски мерки.

На прашањето дека „Заев најави линеарна исплата на минималец во администрацијата, со наведените исклучоци. Има бурни реакции во дел од јавноста која вели дека станува збор за неправедно решение, зашто: 1/има административци кои со години земаат плата а не одат на работа,2/ има административци политичари, функционери, директори, пратеници, кои претходно земале многу големи плати и практично тие се во привилегирана положба – имаат доволно заштеди за да не почувствуваат промени на стандардот, додека други ќе бидат уште поосиромашени и понижени“, Гошев одговара:

Не знам дали ова е „изум’’ на Заев, или на славните советници кои ги накоти околу себе. Сеедно, тој е одговорен, тој го прифатил и соопшти. Оваа намера соопштува повеќе работи: дрскост, безобразлук, незна-ење, вулгарен популизам, погрешна изборна математика, бесчувствителност, примеси на Полпот-изам и Маоизам. И, измамништво – „сите да го понесеме товарот“, наводно!

Веројатно оваа мерка нема да помине, но Заев и СДСМ може скапо да ја платат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.