Цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се зголемуваат од еден денар до денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на „еуросупер БС-95“ се зголемува за 1,50 денари за литар, додека цените на „еуросупер БС-98“, дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар.
Согласно најновата одлука на РКЕ, новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе биде 68,50 денари за литар, а „еуросупер БС-98“ ќе се продава по цена од 70,50 денари за литар. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 61,50 денари за литар, а на екстра-лесното масло за домаќинство 51 денар за литар.
Зголемувањето на цените на бензините се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.