Оваа слика е од продавница на Тетекс.
Од 10 февруари 2020 година, нема производство во најпознатиот волнарски комбинат АД „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово, познат како „Тетекс“. По последната работна единица од поранешниот гигант, фабриката „Конфекција“ го прекина работењето.
Последните 140 работници во Конфекција ќе бидат регистрирани во Агенцијата за вработување како невработени. Според Љупчо Радовски, од синдикалната организација, сите 140 работници кои досега работеа во конфекција ќе бидат обешетени на некој начин.
Пред пред една година престана да работи погонот Трикотажа, а минатиот месец и Ткајачница. Единствено работи Предилницата за производство на волница, но таа е дадена на странска фирма.
Волнарскиот комбинат „Тодор Циповски-Мерџан“ започна со производството на 25 мај 1951. Во годините и децениите што следеа, „Тетекс“ израсна во вистиски текстилен гигант на југословенските простори. Во 1991 година започна неговата трансформација од општествено претпријатие во акционерско друштво. Во 1987-1988 година, комбинатот имаше 8.800 вработени во неколку производствени погони и во голема трговска мрежа. Во последниве две децени, од година во година, поради потешкотии во работењето постојано се намалуваше бројот на вработените и еден по еден се затвораа производствените погони
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.