Иако беа промовирани пред две недели, 12-те нови возила за брза помош се уште не се во употреба. Директорите на јавните здравствени установи чекаат потврда од владата за овие возила да излезат надвор од гаражите на болниците и да се ставаат во служба на граѓаните. Од Министерството за здравство велат дека во вторник на владина седница се очекува да помине и ова прашање.

Причината е административна. Возилата се во ред и се распределени согласно барањата, институциите и потребите. До Владата е пратена информација за распределба на возилата и во моментот кога тоа ќе помине на влада, и официјално возилата ќе бидат ставени во функција, рече Асим Муса, заменик министер за здравство.

200 илјади евра останати од буџетот планиран за купување на 12 возила за прва помош, министерството за здравство планира да ги потроши на осумте возила кои Министерството за земјоделство ги отстапи на здравство.

Според нашите проценки ќе биде многу подобро да ги адаптираме, бидејќи ќе добиеме поголем број возила, отколку да купиме нови возила. Осумте возила што министерството за земјоделство гиотстапи на министерството за здравство, ќе се приспособат во амбулантни возила. Станува збор за нови возила кои воопшто не се користени, изјави Асим Муса, заменик министер за здравство.

извор: алсатм



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.