Охридскиот градоначалник Георгиески и после 3 месеци откако е изготвен регистарот на дивоградби, не знаел на памет колку точно ги има, оти не седнал вели да ги брои.
Можеби се 10, 20,можеби се 29 или 35, темата за дивоградбите за мене е затворена-додава тој. Кога ќе се изготвела студијата за влијание врз животната средина, ќе се направело мапирање на сите објекти и тогаш ќе се знаела точната бројка на нелегално изградени објекти кои согасно акцискиот план, имал рок од цели 2 години за да ги руши. Има две поголеми куќи на потегот кај Костозглобна, уште една куќа тука поголем објект такви кои што се по жалби, хотелот Лагадин. Има голем број на објекти кои што се во регистарот, меѓутоа се заштитуваат со тоа што се поднесени барања за легализација, вели Константин Георгиески, градоначалник на Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.