Забележан е зголемен раст на отпуштања во текстилната индустрија која е на удар од пандемијата на Ковид-19, додека владата, според експертите, доцни со мерките, а и оние кои ги донесе не се правилно таргетирани ниту, пак, се доволни. Имено, голем број на текстилни работници трпат серија на злоупотреби на нивните работнички права.
Дополнително, според економистите, ваквата состојба доаѓа поради лошите мерки на владата кои ги принудуваат компаниите да вршат злоупотреби во изразено голем број поради кризата во која се наоѓаат. Сопствениците на конфекциите одат и со други варијации за зачувување на капиталот во услови на намалено производство, намален број на нарачки и извоз, но пак преку дискриминација на тие што користат мерки во пандемијата.
Експертската јавност смета дека владата потфрлила со економскиот пакет на мерки за помош на компаниите во текстилната индустрија, а со тоа директно им нанесува штета и на работниците кои сега ги трпат штетите поради нерентабилноста на текстилните компании.
Инаку, текстилната индустрија и пред пандемијата се соочуваше со потешкотии во работењето поради компаративната предност на европските и компаниите од Балканот и поради застареноста на технологиите што им го зголемува трошокот по единица производ со што стануваа се понеконкурентни на европските пазари.
Затоа македонските текстилни компании ја користат стратегијата на кратење на трошоците преку намалени плати за текстилните работници и нивно отпуштање. Текстилните компании континуирано во изминатите години поднесуваат барања до владата предводена од СДСМ за помош на оваа индустрија, но владата остана глува на нивните барања со што додатно ја отежна ситуацијата за работа на текстилната индустрија која важи за една од главните во земјава, во која македонските текстили работници се едни од најниско платените во регионот и во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.