Газдата на конфекцијата „Вабо“, Ване Богдов, кој ја почнал оваа приказна уште пред цели 25 години, ја предава фирмата на своите вработени.
Со текстилната конфекција ќе раководат Тања Николова, технолог со долгогодишен работен стаж и Дарко Роглев, референт по извоз, објави „истокпрес.мк“.
Имавме собир на работниците на кои ја објавив мојата одлука, а на кој собир ги претставив Николова и Роглев. Всушност на работниците им ја дадов на користење фабриката со целата опрема во неа при што во првата година нема да плаќаат никаков надомест за тоа, а од втората година, само под услов фабриката да работи со добивка, во што не се сомневам, ќе плаќаат минимална кирија за 1.250 метри квадратни производен простор колку што има конфекцијата – вели Богдов.
За да не дојде до заблуда, Богдов фабриката не им ја дава во сопственост на работниците, туку им ја предава на користење.
Јас им ветив дека со своите врски со деловниот свет во државите од Западна Европа со кои соработувам цели 25 години, без никаков надомест за себе, ќе им обезбедувам работа на еден подолг временски рок. Јас сум им гарант дека тие редовно ќе земаат плата зашто работа има за многу идни години. Важен е и фактот дека тие нема да имаат режиски работници – вели Богдов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.