Гасификацијата на главниот град не е запрен процес во догледно време, дециден е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
За гасификацијата имаме иновативно решение со маалски резервоари каде што посебно градско претпријатие ќе ги полни тие маалски резервоари и директно терцијалната мрежа ќе биде до куќите. Имаме и анимација во програмата. Имаме иновативно решение кое денеска го спроведуваат Обединетите Арапски Емирати, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ТВ21.
Имери објасни дека тоа значи дека резервоарите ќе се полнат со течен гас, плин, а потоа тој ќе се дистрибуира до домаќинствата. Но, бидејќи плинот се набавува од Турција, Мицкоски рече дека за тоа постои и технологија за втечнување на гасот, така што криза нема да има.
Тоа што ние како држава немаме пристап до плин е вториот проблем, затоа што ништо не се инвестираше во тоа во овие 52 месеци. Затоа, има технологија, па може да се втечни. Начинот на којшто беше замислено да функционира во Струмица беше тој – носеа во резервоари од Петрич во Струмица, но не профункционира поради енормно големите кражби на тендерите, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.