Владините функционери на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и останатите коалициони партнери во периодот од 2008 па заклучно до мај годинава јаделе и пиеле за 1.649.041 евра. Оваа сума може да се добие доколку се соберат сите набавки за месо, преработки од месо, млеко и млечни производи, апетисани, кафе, пијалоци и овошје, во последните 12 години.
Убедливо најголем издаток по основ на прехрамбени производи и пијалоци е направен во 2018 година кога за оваа цел биле потрошени 312.345 евра. И минатата, 2019 година Владата за оваа намена потрошила 170.306 евра додека само за првите пет месеци годинава склучени се договори за набавка на месо и месни преработки во висина од 88.262 евра.
Најмалку пак, Владата потрошила во 2014 година и тоа 46.908 евра.
Треба да се напомене дека во овој износ не влегуваат трошоците направени по основ на користење надворешни кетеринг услуги и други ресторански услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.