Во Тетово вечерва се одржа петтиот по ред протест на граѓанската иницијатива „Доста е“ поради зголемувањето на цената на електричната енергија. По повикот на социјалните мрежи неколку илјадната група граѓани се собра на градскиот плоштад во 19 часот по што започна марш по градските улици. Крајна дестинација беше местото каде се објектите на Корисничко Енерго Центар на електродистрибутивната компанија ЕВН на излезот од Тетово.
Пред објектите на ЕВН имаше и кордон од полицајци, а групата застана пред нив. После неколкуминутно скандирање и извици, двајца од групата се приближија до оградата и фрлија стотици испечатени банкноти налик на 100 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.