„Фотоволтаични електрани во Јамуларци и Скандалци“, проект на Друштвото за производство и промет со електрична енергија од обновливи извори „ПРОМАРК ЕНЕРЏИ ДООЕЛ“ Скопје, со одлука на Владата доби статус на стратешки инвестициски проект.
Одлуката е донесена на денешната седница на Владата.
Фотоволтаични електрани во Јамуларци и Скандалци се со вкупен капацитет од 280 мегевати, а вредноста на инвестицијата изнесува 184 милиони евра, информираше владината прес-служба по седницата на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.