Избројани се деновите пред заминувањето на најуспешниот министер за земјодество Љупчо Николовски. Тој ја остава министерската фотелја во Земјоделие и заминува на местото на разрешениот генсек на СДСМ, Александар Кирацовски.
Несомнено е дека неговите успеси се мерат во тони – тони скапани јаболка во Ресенско, домати и зелка во Струмичко, сливи во Малешевијата.
Николовски покажа голем успех и кога ги изигруваше очекувањата и ги изневеруваше ветувањата на производителите на пиперка, бостан и другите земјоделски производи. Ништо подобри не беа ниту оризопроизводителите.
Љупчо Николовски, неколку пати најавуваше, но не ги зголеми субвенциите. Николовски ветуваше и зелена нафта, но таа сè уште „наскоро ќе стигне до земјоделците“.
На заминување, Николовски е убеден дека кадровската смена нема да се одрази на реформите во министерството што го напушта. Дали тоа значи дека и годинашниот род од нивите ќе заврши на депониите?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.