Околу 2.000 македонски фирми во 2020 година акумулирале вкупен приход од неверојатни 150 милиони евра.

Заедничко на сите нив им е што немаат ниту еден вработен.

Според информациите на Pari.com.mk и БизнисМрежа.мк ги има од повеќе сектори-трговија со струја, информатички компании, нафтен бизнис, градежништво, трговија и услуги.

Заради создавањето поволни услови за отворање на бизниси (добра бизнис клима), Македонија овозможува отворање на фирми без да поседуваат деловен простор, односно без да имаат докази за користење на деловен простор под закуп и без да имаат вработени лица. Логиката е да им се овозможи да застанат на нозе, па потоа да започнат да вработуваат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.