Со дополнувањата на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година и со Уредбата за изменување и дополнување на уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година се определи нова подмерка за предадено винско грозје во регистрирани капацитети и се врши зголемување на висината на финансиската поддршка за подмерката за ориз без сертифициран семенски материјал, e одлучено на денешната 35-та седница на Владата.

Со новата подмерка за предадено винско грозје во регистрирани капацитети се врши дополнување на подмерката која беше претходно прифатена, за 2 денари по килограм винско гројзе со цел за да може и малите земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката да аплицираат и да бидат опфатени, и како останатите лозари, со финансиската поддршка од 2 денари по килограм.

Дополнително, поради неможноста сите земјоделски стопанства да обезбедат сертифициран семенски материјал направена е измена со која ќе можат да аплицираат и земјоделските стопанства без сертифициран семенски материјал, со што на производителите на ориз им се зголемува висината на поддршка поради финансиските штети кои ги имаат добиено од КОВИД пандемијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.