Двајца од тројца граѓани не ги скенираат фискалните сметки.

Според анкетата која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје, 64,1 отсто од граѓаните не ги скенираат фискалните сметки, додека апликацијата за поврат на ДДВ ја користат само 35,2 отсто од анкетираните граѓани.

Причина за тоа е веројатно малата сума која граѓаните ја очекуваат како поврат.

Според анкетата, најголемиот дел од анкетираните граѓани очекуваат прилив од околу 500 денари месечно. Вкупно некаде околу 14 отсто од анкетираните очекуваат прилив меѓу 300 и 600 денари месечно. 1 отсто очекуваат околу 1000 денари секој месец, додека 0.2 отсто очекуваат дури 3.000 денари месечно.

Проектот за поврат на ДДВ на физички лица владата го воведе на почетокот на летото. Прoектот функционира на тој начин што секоја фискална сметка треба да се скенира со телефон преку специјална апликација. На крајот на секое тримесечје граѓаните треба да добијат 15 отсто од платениот ДДВ на фискалните сметки кои ги скенирале преку апликацијата „Мој ДДВ“

Анкетата на Институтот за политички истражувања е спроведена телефонски во периодот од 25 до 29 октомври годинава врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.