Друштвото ФЕРО ИНВЕСТ ДОО Скопје и неговиот сопственик Кочо Анѓушев
категорично ги отфрла ваквите наводи како невистинити и тенденциозни, со цел
нарушување на угледот и честа на компанијата и нејзините сопственици.
Во текст објавен на 14.05.2020 година со наслов “Aнѓушев доби тендер од 2 милиони евра од Град Скопје” во Вашиот медиум, објавена е неточна и тенденциозна информација поврзана со договор за јавна набавка со Град Скопје и компанијата ЕДС и поврзаноста на проф.д-р Кочо Анѓушев како сопственик на ЕДС.
Уште од 2018 година компанијата ФЕРО ИНВЕСТ ДОО Скопје и неговиот сопственик проф.д-р Кочо Анѓушев ги имаат продадено своите удели во компанијата ЕДС и предадено целосна контрола врз фирмата на новите сопственици во јавна и транспарентна постапка за која беа запознаени медиумите и пошироката јавност.
Повеќе од две години Проф.д-р Кочо Анѓушев не е сопственик на компанијата ЕДС и ниту тој ниту ниедна фирма во негова сопственост нема никаков удел во сопственоста, работењето или во одлучувањето на компанијата ЕДС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.