Поранешните вработени во ОХИС и денеска ќе излезат да ги бараат своите работнички права и заостанатите плати. Протестот ќе започне во 8 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, а потоа ќе се ќе продолжи пред Собранието на РСМ, Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика и ќе заврши пред Владата на РСМ.
Работниците најавуваат дека ќе бидат изнесени факти за големиот криминал во тек на стечајната постапка и продажбата на фабриката ОХИС. Тие потсетуваат дека Владата го донесе Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, преку кој се обезбедуваат околу 7800 денари или 34 отсто од просечната плата на месечно ниво за лица кои имаат остварено преку 15 години стаж во некоја компанија која била во државна сопственост, право кое го користат околу 8 000 лица, меѓу нив и поранешни вработени во ОХИС.
Иако актуелната власт им ветува решавање на проблемот и исплата на заостанатите плати, работниците досега не добиле ништо, а со ребалансот на буџетот не се предвидени пари за исплата на платите на стечајците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.