Нема да се укине евтината тарифа на струјата, тврди Регулаторната комисија за енергетика. Од РКЕ велат дека компаниите досега немаат доставено такво барање, но и ако достават, тоа нема да биде прифатено.
Ова прашање беше ставено на маса уште минатата година, но по долги преговори барањето беше одбиено.
Дневниот и ноќниот интервал на евтина тарифа е форма на субвенција на електрична енергија по поевтина цена утврдена за сите домаќинства. Во време кога домаќинствата економски се консолидирани од последиците од Ковид-19, евтината тарифа се покажа како опција која граѓаните максимално ја користат. РКЕ не отстапува и ќе ги заштити граѓаните оваа форма на субвенција да трае и во наредниот регулиран период – се вели во допсиот од Регулаторна.
Во меѓувреме се крои и новата цена за електричната енергија. Појасна слика за тоа каква ќе биде корекцијата, ќе има следната недела кога РКЕ ќе соопшти што од барањата на Мепсо и Електродистрибуција ќе биде прифатени.
Но, новата цена најмногу зависи од цената на произведената струја која ЕСМ во понеделник треба да ја достави на тендерот на ЕВН ХОУМ. Цената нема да се открие се до објавувањето на тендерот, но од Владата уверуваат дека поскапување нема да има, а домаќинствата ќе добијат ново растеретување со намалувањето на ДДВ од 18 на 5 проценти.
Новата цена на струјата ќе важи од први август. Минатата година поскапи за 7, 4 проценти на барање на државните енергетски компании.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.