„Евростат“ објави дека речиси 37 отсто или 209.000 домаќинства имаат проблем редовно да платат за електрична енергија, парно греење и вода. Претходните години тој број надминувал и над 40 отсто.
Во ЕУ, речиси 7 отсто од семејствата се соочуваат со овој проблем. Во Грција 36 отсто го имаат овој проблем, а во Бугарија 30 отсто од домаќинствата.
Во развиените земји, пак, овој процент е многу низок. Во Швајцарија само 4,1 отсто семејства имаат тешкотии да си ги платат сметките, во Малта 6,9 отсто, Австрија 2,4, Холандија 1,5 отсто. Во Полска 6,3, а во Португалија 4,5 отсто домаќинства не можат да си ги покријат сметките. Во Норвешка само 2,7 отсто имаат ваков проблем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.