ЕВН Македонија денеска реагираше откако жители на селото Грчец протестираа поради дефекти на мрежата за дистрибицуија на електрична енергија. Според нив, екипите на ЕВН секогаш наидуваат на навреди и закани по живот, како и закани за предизвикување на материјална штета од страна на жителите од селото.
-Дефектите во селото се резултат на преоптоварување на мрежата од самите жители кои нелегално користат електрична енергија за сопствени потреби како и за копање биткоини. По настанување на дефектите, жителите иако пријавуваат дека немаат електрична енергија, сепак не им дозволуваат на екипите на Електродистрибуција да го санираат дефектот. Електродистрибуција иако постојано инвестира во материјални и човечки ресурси за решавање на проблемот во Грчец, сепак обидите секогаш неуспешно завршуваат бидејќи жителите не дозволуваат да се работи на ниту еден начин, стои во соопштението од ЕВН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.