Избивање на осигурувач е причината за експлозијата во ХЕЦ Вруток. Од ЕСМ за МКД.мк ја потврдиле информацијата и официјално велат дека има прекин во мрежата. Ова не е прв пат да има ваков дефект и вакви слични дефекти, според ЕСМ се случувале и порано.
„Има прекин во мрежата. Се работи за избивање на осигурувач. Екипи се на терен и работат на отстранување на дефектот. ХЕЦ Вруток наскоро ќе биде во мрежа. Вакви дефекти се случувале и порано”, ни изјавија од ЕСМ.
Од ЕСМ испратија демант на објавата дека имало експлозија во Вруток:
Станува збор за краток (петнаесетминутен прекин) во работата на хидроцентралата заради осигурувач на вод кон гостиварските села. Хидроелектраната и целиот Хидросистем Маврово продолжуваат да работат најнормално. Вакви и слични појави во работата на инсталациите се случуваат многу често и не се никаква непознаница. Заради тоа, ги оценуваме како тенденциозни написите за експлозија во ХЕЦ Вруток објавени во медиумите, без претходно да се провери информацијата, повикувајќи се на неименувани извори. Објавувањето на непроверени и лажни информации го доживуваме како атак врз компанијата кој не е полза ниту на АД ЕСМ, ниту на јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.