Екипите на Електродистрибуција од Велес од самиот почет на пожарот кој завчера ја зафати околината на езерото „Младост“ активно учествуваа во гаснењето, соопшти ЕВН Македонија. Во сооптението испратено до медиумите се вели дека од пожарот во кој изгореа 500 хектари шума, од кои 200 хектари црноборова, беа зафатени и три среднонапонски далекуводи на ЕВН: 10кВ далекувод Езеро, 10кВ Црн Врв – стар и 35кВ Црн Врв – нов. Сепак, екипите заедно со против пожарните служби успеле да спасат дел од дистрибутивната мрежа.
Далекуводот „Црн Врв – нов“ најбрзо беше саниран и веднаш пуштен под напон. Другите два далекувода поради обемот на штетата и поради сугестиите на Центарот за справување со кризи беа без напон подолго време. Далекуводот Езеро е 50% уништен од пожарот, а далекуводот Црн Врв – стар има штета од 30%, информира ЕВН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.