Постапувајќи според Законот за банки, Народна банка ја укина дозволата за работа на Еуростандард банка. Согласно таквата одлука, НБМ утре до надлежниот суд ќе достави предлог за отворање стечај на Еуростандард.

Како што информира гувернерката на НБРМ, Анита Бежоска Ангеловска, на вонредна пресконференција, сите депозити, на 99,4 отсто од физичките лица ќе бидат исплатени во рамки на законските рокови.

Бежоска Ангеловска нагласи дека Еуростанд банка не ги исполнила минималните услови за работа.

Учеството на банкарската актива во вкупната банкарска актива на земјава е само 1,3 отсто, и поради тоа не се доведува во прашање стабилноста на банкарскиот систем на земјава и тој останува стабилен и високо капитализиран. Изминатиот период Еуростандард беше под засилен супервизорски надзор. НБМ постојано изрекуваше мерки за намалување на ризиците, особено за кредитниот ризик. Клучните проблеми се одрза на слабости од изминатит период, а не на тековните состојби. Имаше строги кредитни ограничувања. Вложивме напор за поинакво решение – истакна Бежоска Ангеловска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.