Заклучно со 31 јули Еуростандард банка има одобрено кредити на правни лица во вкупен износ од 4.220 милиони денари (околу 68 милиони евра), додека 1.588 милиони денари (26 милиони евра) се кредити одобрени на домаќинства, информираат од Нароодната банка.

На 31 јули депозитите на правни лица изнесуваат 801 милиони денари (13 милиони евра), додека 6.110 милиони денари (околу 100 милиони евра) е износот на депозити на домаќинства во оваа банка.

Според податоците од 31 јули повеќе од 136 илјади физички лица имаат средства/депозити во Еуростандард банка и 99,4% од нив ќе бидат предмет на обесштетување.

На 31 јули салдо на сметките различно од нула, во Еуростандард банка имале 2.087 правни лица, велат од Народната банка.

Дозволата за основање и работање на „Еуростандард банка“ е укината со Решението бр. 15-20139/1 од 12 август 2020 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.