Блок 2 на РЕК Битола е во функција. Во моментов на постројката се изведува технолошки процес на испитување на заштитата на генераторот, соопштија од АД ЕСМ.

Станува збор за испитување на нова, софистицирана опрема за заштита на генераторот од германскиот производител „Сименс“ која беше набавена и инсталирана со цел зголемување на доверливоста на капацитетот и заштита на опремата.

 

Испитувањата се очекува да завршат во попладневните часови по што Блок 2 повторно ќе биде пуштен во електроенергетската мрежа – информираат од АД ЕСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.