АД ЕСМ ја достави до ЕВН Хоум понудата за купопродажна цена на електрична енергија од 53 евра за мегават-час за покривање на 100 проценти од вкупно планираните количини. Како што информираат од ЕВН Хоум, оваа цена е за околу 5,35 отсто пониска од цената добиена на последниот тендер.
За новата цена на електричната енергија, која треба да стапи во сила од 1 јули, деновиве ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, меѓу кои најважна е токму цената на струјата од домашното производство, односно од ЕСМ.
На тендерот понуда пристигнала само од АД ЕСМ, а на претходниот, тие понудија купопродажна цена од 56 евра за мегават-час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.