Електрани на Македонија објави дека е прифатена понуда од 90 илјади тони јаглен од Косово за потребите за РЕК Битола, додека за останатите 810.000 тони ќе има повторно нов, односно трет повик за прибирање понуди.
„Од деветтте фирми кои дадоа 14 понуди од различни рудници во Македонија и од регионот, дел од понуди не одговараа технички во однос на јагленот, додека дел имаа недостатоци во економско-финансиската евалуација, односно во назначениот рок немаа доставено комплетна документација.
Од тие причини, повторно ќе биде објавен отворен повик во времетраење на целата грејна сезона и очекуваме да се обезбедат дополните 810 илјади тони јаглен за РЕК Битола и 170 илјади тони за РЕК Осломеј“, се вели во соопштението на најголемиот производител на струја во земјата.
Само понудата на јаглен од Косово ги задоволувала техничките, финансиските и количинските барања на повикот.
„Економскиот оператор не успеа во првиот рок навремено да достави договор склучен со КЕК-државните електрани на Косово како испорачувач на јагленот, поради тековната промена на раководниот тим во косовските државни електрани. Сите економски оператори ќе имаат можност во текот на грејната сезона да доставуваат понуди, до обезбедување на бараните количини“, се дополнува во информацијата.
АД ЕСМ,дополнува дека нивото на ископан јаглен на депонијата во РЕК Битола изнесува 200 илјади тони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.