Енергетскиот колапс се заканува да остави на улица од 7.000 до 9.000 работници во индустријата, вели Игор Ѓерасов, претседател на Синдикат на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) во разговор за Радио Слободна Европа.
Големите компании, кои се на слободниот пазар на струја, учествуваат со 10 до 15 проценти во БДП.
Во моментов на принуден одмор се две компании од нашиот сектор, онаму каде што сме ние синдикално застапени, тоа е Еуроникел индустри со околу 850 вработени и рудникот за бакар и злато Боров дол -Бучим Радовиш, таму се некаде околу 720-730 вработени, што значи дека некаде околу 1500 вработени конкретно се на 70 отсто, што не значи дека им се загрозени работните места, тоа законот го дозволува и компаниите во овој тежок период ги пратија работниците на принуден одмор. Еуроникел се до 15 декември на принуден одмор, додека Боров дол се до 1 декември, вели Ѓерасов.
Целото интервју овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.