АД ЕЛЕМ информира дека нема добиено известување од Антикорупциската комисија дека е донесен заклучок во врска со случајот на вработување на работникот Виктор Стојчевски, информираат од компанијата.

„Додека таков заклучок не произлезе, компанијата не може да одговори на прашања за пропусти, без да биде утврден пропуст. Документацијата што АД ЕЛЕМ ја достави до Комисијата покажува дека наведениот кандидат ги исполнувал условите предвидени во конкурсот. За местото инженер за нови технологии-приправник се бара високо образование, седми степен, од техничките факултети, за кое приправничко место работен стаж не се побарува“, се додава во соопштешението.

Огласот бил објавен во дневните весници „Вечер“ и „Коха“,а пријавени биле тројца кандидати.

„Во однос на вработувањата, АД ЕЛЕМ подлежи на Законот за работни односи. Иако не подлежи на Законот за вработените во јавниот сектор, новото раководство на ЕЛЕМ воведе практика на формирање комисии за избор кои треба да оценат кој е најсоодветен кандидат, иако тоа не е предвидено во Законот за работни односи кој важи за ЕЛЕМ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.