АД Државни електрани на Македонија потврдија дека го примиле на работа синот на пратеничката Мира Стојчевска од СДСМ.
Од ЕЛЕМ соопштуваат дека Виктор Стојчевски е примен во редовен работен однос по претходно објавен оглас за вработување.
За работното место за кое конкурирал, наведениот ги исполнувал сите критериуми наведени во огласот. Комисијата одлучила почитувајќи ги сите законски одредби, велат од ЕЛЕМ.
Листата на вработувања во државната администрација на блиски на претставници на власта, станува невозможно да се следи. Од владата велат дека нема прекршување на ниту еден закон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.