По неколкуте катастрофални сезони и неисплатливи инвестиции ЕЛЕМ, на барање на Владата, работи на физибилити студија за ски центарот Попова Шапка во која ќе бидат презентирани техничката, правната и финансиската анализа на можностите на овој ски центар. По ова од раководството на ЕЛЕМ, кое е сопственик на ски центарот, ќе биде изработена и тендерска документација за продажба, објави Телма.
Потенцијалнте инвеститори ќе се бараат во западноевропските држави каде зимскиот туризам е една од најразвиените гранки а сопствениците на тамошните ски центри веќе се контактирани. Анѓушев вели дека ќе се обидат да ги донесат во нашата држава и на Попова Шапка за да го презентираат потенцијалот на центарот.
Сегашните анализи покажуваат дека во реонот од 500 километри ски центарот Попова Шапка има најголем потенцијал и дека лесно ќе го надмине ски центарот Копаоник во Србија. Премиерот Заев истакна дека самата местополжба и фактот што ски центарот Попова Шапка се наоѓа на само 80 километри од скопскиот аеродром ја зголемува атрактивноста кај инвеститорите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.