Во делот на правната држава создадоа вистинско чудовиште, Левијатан кој ја проголтува среќата на луѓето и правдата. Имаме неправда и несигурност, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од партиската конвенција во Струга.
Мицкоски потенцираше дека државните претпријатија ЕЛЕМ и Мепсо наместо енергетски гиганти станале приватни партиски подржуници за партиско вдомување.
Ако се пожалите за конфликтот на интереси во државните институции на пример во антикорупциската комисија таму ќе ве пречека баџанакот на претседателот на собрание. Па не се боревме и не се надевавме на ваква држава. Имаме поделено општество. Тие го создадоа тоа. Не делат на оние кои се против договорот и оние кои не се. Велат они биле европските политичари, а другите антизападни, не поделија по најситни основи, на табори за и против за директор на средно училиште во Скопје, на ваксери и оние кои се против и на што уште ли не. Е Вака не оди, вака не бива. И вака нема да не биде, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде:
Алтернативата која во овој момент ја нудат за кандидат за претседател всушнос и не е алтернатива. Најсериозен кандидат им е човекот кој е пишувачот на колективната неправда содржана во оној срамен договор. Човекот кој доживеа дипломатски дебакл и прифати се што значи грчка позиција, кој не го сочува Уставот, а сега ќе ја чувал државата. Другиот е пак оној џелат на неправдата кој полицијата ја користи како своја приватна подржуница. Кој нема ниту еден нерасветлен посериозен криминал. И третиот посериозен кандидат е оној веќе еднаш загуби на претседателски избори и кој знаеме какви навреди изговараше за граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.