И покрај тоа што вработени од „Мода“ сведочат дека добиле отказ, директорот на фабриката тврди дека нема поделено откани решенија.

Досега немаме поделено отказни решенија на вработените во „Мода“, тврди првиот човек на фабриката, Ангел Димитров во изјава за Пресинг.

Според него само на луѓето кои имале договори на определено време, не им се продолжени договорите.

Станува збор за околу 35 луѓе од едната фирма и дваесетина од другата. Нивните договори не се продолжени, додека на луѓето кои имаат договори на неопределено време, договорите не им се прекинати, од причина што се работи за подолга процедура. Тие луѓе имаат работнички права, треба да се разговара со синдикалната организација, да се види какви се можностите за евентуален прекин на работниот однос, но сето тоа е процедура која трае неколку месеци. Во меѓувреме тие луѓе добиваат плата – вели Димитров, за кого лага се информациите дека откази се поделени на 260 луѓе од „Мода“.

Од друга страна, пак, вработени во „Мода“, кои добиле отказ, за „Република“ објаснуваат како изледале состаноците со ракводството.

Ни беше речено да ги искористиме одморите, а веднаш потоа заминуваме на принуден одмор на 70% плата, а од принуден одмор ни беше речено да не се враќаме. Точно е дека не добивме отказно решение, затоа што за процедурата е потребно време, но време имаат до истекот на принудниот одмор. А што е ако не е отказ кога директорот ќе ти каже да не се враќаш веќе, сведочи за „Република“ светиниколчанка.

Република објави дека само вчера од текстилната фабрика од која живее Свети Николе отпуштени се преку 180 вработени.

Пред десетина дена, пак, отказ добија 50 работници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.