Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека економските параметри за првата половина од 2019 година ќе бидат катастрофални. Тој нагласи дека се очекуваат вакви податоци доколку Заводот за статистика „професионално ги одработи резултатите“.
„Ситуацијата во Буџетот е катастрофална. Во првите шест месеци се проектирани приходи од 43,4 милијарди денари, а биле наплатени само 39,3 милијарди денари. Во јуни 16 отсто е помала наплатата од планираната. Ќе ја повторам тезата дека живееме во два паралени света со господинот Заев, оној неговиот што е многу помал и оној на граѓаните во беспарица“, рече Мицкоски на денешната конференција за медиумите посветена на економските состојби во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.