Зборувајќи пред присутните на прославата по повод 27 години од формирањето на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ,лидерот на партијата Христијан Мицкоски, зборуваше за црнилата кои и ги нанела актуелната влада на земјава.
Всушност имаме две слики, една розева пред камерите, разубавена со државните пари и тргувањето со влијание кои го прават владините структури, каде имаме лик како оној понизниот чирак од Македонските народни приказни кој има слух за се, подголтнува, попушта и мед му тече од устата, а втората е онаа реалната и се вика држава потоната во сиромаштија, криминал и корупција – рече Мицкоски.
Тој се задржа, на како што вели, реалната, онаа која ја живееме сите ние.
Со нивното владеење сакаат да го убијат македонскиот дух. Да рашират колективна депресија и практична вакцинација на народот, мирно прифаќање на сите неуспеси кои ги имаат. Сакаат да живееме во болка и да се научиме на тоа, наместо да ја спречиме болката и страдањето. Така потценувајќи го народот да помислите дека се може да помине и да бидеме среќни што не е полошо. Иако она што ни се чини сега лошо, ќе биде уште полошо. Сакаат да не реагирате, и типично за владеењата и мандатите на СДСМ да живееме во состоба на некаква затегнатост, реформи и штедење додека вечно ја чекаме некаквата светла надеж и подобро утре кое за жал никогаш нема да дојде. Така цела една генерација, со по триесетина четирисесет години го поминуваат својот живот во вечна лажна надеж. Овие луѓе пораснаа во транзицијата, кога нивните родители остануваа без работа, денес повторно се манипулирани дека ќе биде подобро а нема да биде. И не се само овие луѓе во прашање – рече Мицкоски.
Мицкоски се задржа и на загубарите кои седат пред влада барајќи го она што им следува:
Повторно ги гледаме оние обелени глави од македонските загубари, измачени луѓе, маченици и страдалници на сите погрешни политики од минатото како седат пред владата. Тоа се луѓето од Охис, и оние од Колска, Еврокомпозит, Југохром, кој оваа влада рече дека ќе ги реши за една година, и кога таа година помина роковите постојано се зголемуваат за уште една, па уште една и никако да се најде решение. А да не зборам за оние маченици од Славија, Центро, МЗТ, Железара и други гиганти кои поради неправдите им се потрошија животите во чекање. Затоа мора да се стави крај на ваквата купи ден помини политика. Во економијата се случуваат вистински црнила. Сиромашатијата галопира. Ако оваа економска година ни беше лоша наредната ќе биде катастрофална и погубна. Алармот е вклучен, вришти и пишти бидејќи работите одат надоле. Едно е зошто се неспособни, второ е зошто наместо на работа се посветени на криминал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.