Цените за струја за правните лица од 1 јануари се за пет и пол пат поскапи во споредба со овој месец или само претходниот ден од старата година 31.12.2021 година, тврдат извори за Република.
Имено фирмите во земјава кои трошат електрична енергија во текот на денот и за време на ноќта според новиот пакет Ден и Ноќ Фикс треба да плаќаат цена од 23,164 денари за KWh.
За споредба со овие бројки годинава сопствениците на бизниси во земјава плаќаат се уште пет пати помала сума од таа што следува за десетина дена, или во бројки тоа се 4,150 денари за KWh.
Според најавите, освен струјата за правните субјекти, ќе поскапи и струјата која ја користат домаќинствата и тоа најверојатно за 50%, што би бил огромен шок за граѓаните кои и така се соочуваат со финансиски последици кои дојдоа како резултат на пандемијата, губење на работните места.
Првиот регулатор, Марко Бислимовски не сака да каже јавно колку би изнесувала струјата за домаќинствата по 1 јануари сè додека во Регулаторната комисија не ги довршат анализите за трошоците.
Министерот за економија Крешник Бектеши пак останува на ставот дека поскапувањето на струјата ќе биде најмногу до 10 отсто.
Јас останувам на тоа што сум го кажал и ќе чекаме до крајот на месецот да видиме каква ќе биде одлуката на РКЕ. Ние сме ги направиле сите анализи, и не само јас како министер за економија и другите институции биле вклучени – енергетските компании како што се ЕСМ, ЕВН, МЕПСО и согласно нашите анализи останувам на ставот што сум го кажал. Нема да има зголемување повеќе од 10 отсто – истакна Бектеши неодамна.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прогнозираше дека од 30 до 40 проценти ќе биде зголемувањето на цената на струјата.
Според него далеку од вистина е тезата која деновиве беше пласирана од властите дека цената на електричната енергија нема да се зголеми повеќе од 10 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.