Расте бројката на граѓани кој ги чувствуваат економските последици од кризата со коронавирусот. Очигледно е дека мерките кои ги превзема Владата на СДСМ се во најмала рака недоволни, а опозицијата обвинуваше дека истите напротив стимулираат отпуштање на граѓаните од работа.
Истражувањето на емисијата „Детектор“ укажува на катастрофални бројки на граѓани кои останале без своето работно место. Последната анкета вели дека една четвртина од граѓаните останале без работа или пак имаат некој близок кој го загубил своето работно место
На прашање „Дали вие или некој од вашето семејство привремено или трајно ја изгуби работата поради кризата?“ речиси 26 проценти, односно 25,8 проценти одговориле со да, додека 67,8 проценти од граѓаните одговориле со не.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.