Производството во најголема компанија во земјава „Џонсон Мети“ запира во среда, дознава „Република“. Илјада работници денеска се известени дека понеделник и вторник се последните работни денови во фабриката, по што pроизводството запира на неодредено време.

Странскиот инвеститор вработува 1.000 вработени, а познат е по тоа што во Македонија остварува убедливо најголема добивка – 97,77 милиони евра во 2018. Во исто време, „Џонсон Мети“ е и најголем извозник од Македонија со околу една четвртина во вкупната структура на експортот.

Ова е третата голема фабрика која затвора во последните два дена, откако претходно „Кромберг и Шуберт“ и „Дракслмаер“ објавија дека нема да испорачуваат делови овој период и ги испратија вработените на принуден одмор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.